Канје се надева на помирување: Бог повторно ќе ме спои со Ким

од Nikola Popovski

Ким Кардашијан неодамна беше фотографирана со своето ново момче, комичарот Пит Дејвис, а се чини дека нејзиниот поранешен сопруг Канје Вест сака да се врати дома и да се смири со старлетата.

Иако Ким по разводот не се однесува како тажна разведена жена, се чини дека Канје има проблем со новата врска.

Имено, раперот го коментираше нивниот брак и даде изјави преку кои ги подгреа приказните дека трпи за поранешната сопруга.

„Бог сака да видите дека за сè можете да се искупите. Во сите овие врски правевме грешки. Направив грешки. Јавно правев работи кои не се соодветни за сопругот, но денес сум тука да ја сменам таа приказна. Ако непријателите можат да ја разделат „Кимје“ (Ким и Канјее), милиони други семејства ќе видат дека е во ред ако се разделат… Но, кога Бог, кој веќе победил ќе продолжи да победува, повторно ќе ја обедини „Кимје“, милиони семејства ќе инспирирани и ќе видат дека можат да ја надминат разделбата, траумата што ѓаволот ја користи за да ги држи луѓето во очај додека другите луѓе ги газат бездомниците додека одат во продавниците на Гучи“, изјави Канје за Page Six.

Слични содржини