Канје Вест и Ирина Шајк раскинаа по само два месеци врска

од Nikola Popovski

Раперот Канје Вест е во судска постапка за развод со Ким Кардашијан од февруари оваа година. Во јуни, сепак, се зборуваше дека раперот е во врска со манекенката Ирина Шајк, со која во минатото имаше деловна соработка.

Во почетокот на јуни, Ирина и Канје беа видени како поминуваат време во Прованса, Франција, каде што го прославија роденденот на раперот. Тогаш извор изјави за „Page Six“ дека Ирина не планира да започне врска со раперот.

„На Ирина му се допаѓа Канје како пријател и не сака врска со него“, рекол тогаш изворот, додавајќи дека раперот ја поканил Шајк да му се придружи на модната ревија во Баленсијага во Париз, што манекенката одбила.

Како и да е, само неколку дена откако „Page Six“ ја пренесе информацијата, извор изјави за „People“ дека моделот е вознемирена што кружат такви „лаги“.

Нешто повеќе од еден месец по веста, друг извор за „People“ изјави дека парот сепак раскинал.

„Нивната врска никогаш не била сериозна“, рекол изворот.

Наводно, Вест во моментов „нема време за врски“, но тој и Ирина останаа пријатели.

„Канје е посветен на работата и децата. Тој се фокусира на тоа “, пренесе „People“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by irinashayk (@irinashayk)

Да потсетиме, Канjе и Ким имаат четири деца – ќерките Норт и Чикаго и синовите Сента и Псалм.

Ниту раперот, ниту манекенката се уште не ги коментираа наводите за раскинување.

 

Слични содржини