Канје Вест им признал на своите соработници дека ја изневерил Ким Кардашијан

од Nikola Popovski

За време на турнејата што ја имал во 2016 година, Канје Вест им се пофалил на членовите на својот тим дека спиел со актерката и пејачка Кристина Милијан, изјавил извор за британски „The Sun“.

„Канје ја пофали Кристина и рече дека сексот им е добар, но краток бидејќи се споиле после ноќно излегување“, рекол изворот.

Раперот не прецизирал кога се случи сексот со пејачката, но на истата турнеја им признал на своите соработници дека ја изневерил поранешната сопруга Ким.

„Во истиот разговор во кој ни призна дека ја изневерил Ким, одеднаш ни откри дека спиел со Кристина. Тој не навлезе во детали кога и каде се случило“, вели изворот, додавајќи дека членовите на тимот се смееле и не знаеле што да кажат за признанието на Канје.

Во периодот од 2003 до 2005 година, Кристина беше во врска со Ник Канон, кој некогаш беше со Ким. Во својата исповед, Канје наводно го споменал и Ник, нивниот „братски код“ и како не би сакал тој да дознае за сексот со Кристина.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Christina Milian (@christinamilian)

Слични содржини