Канје Вест купил куќа спроти вилата на Ким Кардашијан

од Vladimir Zorba

Раперот Канје Је, поранешен Вест, купил вила спроти куќата во сопственост на неговата поранешна сопруга Ким Кардашијан.

Имено, Канје за куќата издвоил 4,5 милиони долари. Вилата се наоѓа во луксузна населба во Лос Анџелес во која живеат само познати личности, се простира на 3.000 квадратни метри и има пет спални соби и три бањи.

Како што пишува „Дејли Мејл“, Канје ја платил куќата речиси половина милион повеќе од цената за која се продавала, се со цел да биде што е можно поблизок со поранешната сопруга, која очигледно не може да ја преболи.

Во споредба со вилата во Малибу која ја купи во септември за 57,3 милиони долари, оваа, изградена во 1955 година, е многу поскромна.

Неговата нова куќа има и голем базен во дворот, како и штала за коњи.

Според изборот близок до раперот, ова е уште еден во низата негови обиди повторно да ја освои Ким, иако досега неколку пати се обидел, но безуспешно.

Слични содржини