Канје Вест не планира да се разведе од Ким

од Stefanija Kuzmanovska

Канје Вест е свесен дека Ким Кардашијан поднесе барање за развод од него минатиот месец, но не верува дека е сериозна во врска со тоа.

„Тој не поднел никакви документи за развод затоа што не мисли дека таа ќе го спроведе тоа до крај“, изјави извор за HollywoodLife.

„Тој знае каква е Ким и дека таа навистина не го сака тоа. Инаку добро е, и покрај сè. Тој не смета дека Ким навистина ќе стави крај на нивниот брак. Канје на тоа гледа како на потег во шаховската партија, па затоа не реагираше ниту презеде нешто, а засега не ни планира“, додаде изворот.

Да потсетиме, Ким поднесе барање за развод минатиот месец, а неколку дена пред Канје да исели некои од своите работи од нивната заедничка куќа во Калабасас. Тој ги зел и своите 500 пара патики, што сугерираше дека не планира да се врати, а неодамна го смени телефонскиот број и ѝ рече на Ким дека може да дојде до него само преку неговото обезбедување.

Слични содржини