Американскиот рапер Канје Вест неодамна се сврте кон религијата, и повеќепати зборуваше за тоа како „го прифатил Исус за свој спасител“ и како „Христос го спасил“.
Канје сега објави десетици православни икони на својот Твитер за помалку од еден час и нема сомнение дека е фасциниран од нив.
Колку што е познато, тој е верник во Евангелистичката црква, додека неговата сопруга Ким Кардашијан е од православна вероисповед, а нивните четири деца се крстени според православните обичаи.
Судејќи според неговите објави, најмногу му се допаднале приказите на Исус Христос, Богородица, Архангел Михаил и Свети Ѓорѓи, кои неговите православни следбеници ги дочекале со ентузијазам, додека некои се прашувале дали и Канје станал православен.
— ye (@kanyewest) September 25, 2020
— ye (@kanyewest) September 25, 2020
— ye (@kanyewest) September 25, 2020