Канје Вест пееше на свадба со бизарна маска на лицето (ФОТО)

од Nikola Popovski

Познатиот музичар Кание Вест повторно шокираше со бизарна маска од хартија што ја имаше на лицето и тоа на венчавка.

Откако Ким Кардашијан изненади на Мет Гала со нејзината црна облека од Баленсијага од глава до пети и со црна маска преку лицето, нејзиниот поранешен сопруг отиде чекор подалеку.

Канје се појави исто така во црна облека на Баленсијага, но стави маска на главата за да не го препознаат папараците на аеродромот во Венеција, каде што дојде да настапи на свадба.

Станува збор за венчавка на основачот на францускиот бренд на модни додатоци D’Estreee, Geraldine Guiotte и Alexandera Arnaulta, син на најбогатиот човек во светот и извршен директор на луксузната марка LVMH.

Канје ги изведе своите хитови „Runaway“ i „Flashing Lights“, а обожавателите велат дека имал проблеми за време на настапот, бидејќи му пречела неговата бизарна маска на лицето.

Кога беа објавени папарацо фотографиите, фановите ширум светот беа шокирани од објавувањето на раперот.

Слични содржини