Канје Вест по разводот се здебели дури 13 килограми (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Канjе се здебелил по разводот, а неговата исхрана наводно се базира на големи количини брза храна. Раперот изгубил контрола над својот живот, а неговите оброци биле составени од планини калории и шеќер, па тој се здебелил дури 13 килограми, односно достигнал тежина од повоќе од 100 килограми.

Пријателите на раперот се грижат за неговата благосостојба, изјави извор за „Глоуб“. Канје, наводно, јаде неколку плескавици и сланина само за појадок, и пие Кока-Кола, чоколадно млеко и кафе со дури осум лажици шеќер.

Ким и Канје се венчаа во 2014 година, а оваа година, по гласините за развод, конечно ги доставија своите документи. Бидејќи тој повеќе не е со Ким, раперот има малку контрола врз животот, а особено врз храната и калориите што ги внесува. Помеѓу обилните оброци, тој јаде чоколади, чипс и сладолед, кои не му помагаат во неговата тежина.

На интернет, обожавателите исто така започнаа да прават илустрации и фотомонтажи со хаштагот #fatkanye, што во превод значи „дебел Канје“.

Слични содржини