Раперот Канје Вест вели дека повеќе не сака да се занимава со слава и пари бидејќи е „во служба на Бог“, прнесува Page Six. Вест ова го изјави пред 16.000 веpници на миса во црквата Лејквуд, во Хустон.

„Единствената суперѕвезда е Исус“, рекол Вест додека масата луѓе го поддржувала со громогласен аплауз. За време на интервјуто со пасторот Џоел Остен, Вест, на собрнаите луѓе, им ја раскажал приказната за своето неодамнешно враќање на кхристијанството и за тоа како Бог го инспирира.

„Знам дека Бог ме вика веќе некое време, а ѓаволот долго време ме враќаше назад“, рекол Вест.

Додал дека Бог бил со него, му праќал визии и го инспирирал за време на неговите најниски точки во животот, кога по нервен слом во 2016 заврши во болница.

Вест минатиот месец го објави својот нов албум „Jesus is King“ кој го опишал како христијански рап.

Слични содржини