Канје жали за своето политичко минато

од Vladimir Zorba

Канје Вест, тврди дека неговата сѐ уште легална сопруга Ким Кардашијан не сакала да ја носи капата „МАГА“ поврзана со Доналд Трамп и дека ја „засрамил“ со неговата неуспешна претседателска кандидатура во 2020 година.

Во „Молитва за Денот на благодарноста“ што беше дистрибуирана во четвртокот, раперот (44) изјави дека Ким (41) била особено вознемирена поради неговата прес-конференција во Јужна Каролина, каде што тврдел дека размислувале да ја абортираат нивната, сега веќе осумгодишна, ќерка Норт.

„Боже, мојата сопруга не сакаше да носам црвена капа. Бидејќи беше добра сопруга, Ким сакаше да ме заштити мене и нашето семејство“, рече Вест, кој ја носеше контроверзната капа во годините пред неговата претседателска кампања.

Вест продолжи: „Себеси и нашето семејство ги ставив на мета затоа што не се придржував на политичката позиција на Холивуд, а тоа беше тешко за нашиот брак. Во тоа време се кандидирав за претседател без соодветна подготовка и без сојузници од двете страни“.

Раперот додал дека ја посрамотил сопругата бидејќи на една и единствена прес-конференција изнел информации за нивното семејство.

„Се што рече татко ми беше: „Напиши си го сам говорот следниот пат, синко“.

Слични содржини