Канонизација на просветителот Јоаким Крчовски за светител

од Nikola Popovski

Денеска во манастирот „Свети Јоаким Осоговски“ во Крива Паланка се одржа света божествена литургија и прославување на новоканонизираниот угодник, Божји игумен Јоаким Крчовски. Со литургијата чиноначалствувал поглаварот на Македонската Православна црква-Охридска архиепископија неговото блаженство г.г. Стефан, во сослужение со митрополитот Кумановско-Осоговски, г.Григориј.

Преподобниот игумен Јоаким Крчовски се вброи во редот на светите откако Македонската Православна Црква-Охридска Архиепископија вонредна седница, на 10 мај 2022, донесе одлука за канонизација на преподобниот игумен Јоаким Крчовски, внимателно изучувувајќи го неговиот животен пат и пастирскиот подвиг, како и чудата што се случуваат по неговите молитви.

– Овој чин сите нас кривопаланчани не направи особено горди, а одлуката е исклучително значајна и за градот. Ова е радосен ден и ден на кој се гордееме сите. Веќе на утрешната седница на Советот на Општина Крива Паланка е предлог- одлуката за прогласување за неработен ден 23 мај, денот кога Македонската Православна црква ќе го слави овој светец.Истовремено, ќе се донесе одлука за преименување на основното општинско училиште Јоаким Крчовски, во св.Јоаким Крчовски.Се радуваме на овој светол ден што добивме уште еден светител, заштитник, напиша градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски на својот Фејсбук профил.

Слични содржини