Капело ги брани италијанските екипи: Судиите ги уништија натпреварите

од Nikola Popovski

Фабио Капело, легендарниот италијански тренер, го обвини судијата Тобијас Стилер дека го уништил натпреварот помеѓу Аталанта и Реал Мадрид во Лигата на шампионите.

Италијанскиот стручњак Фабио Капело истакна дека одлуката на Стилер е најмалку разочарувачка:

„Играчот на Аталанта не беше последниот играч пред голманот, а играчот на Реал отиде во ширина. Жолт картон би бил вистинската казната, а црвениот е необјаснив. Тој ја уништи играта со ова“, рекол Капело за италијанскиот „Sky Sport“.

Потоа додал:

„Претходно, Лацио беше оштетен против Баерн, исто беше и со Аталанта … Се станува сомнително. Без оглед на сè, Аталанта беше добра“, рече Капело.

Потсетуваме, Аталанта беше поразена од Реал Мадрид со 1:0, додека Лацио загуби на домашен терен од Баерн со 4:1 во првите натпревари од осминафиналето во Лигата на шампионите.

Слични содржини