Капело за крахот на Италија: Го копираме Гвардиола 15 години, наместо да се угледаме на Клоп

од Nikola Popovski

Меѓу бројните анализи за колапсот на италијанската фудбалска репрезентација во квалификациите за Светското првенство, се издвои онаа што ја направи Фабио Капело, еден од најдобрите тренери на сите времиња.

Италија синоќа во Палермо беше поразена од Македонија со 1-0 и вторпат по ред нема да биде на Мундијалот.

Според Капело, причината е – Пеп Гвардиола.

„Веќе 15 години италијанскиот фудбал го имитира фудбалот на Гвардиола. Нема вертикални додавања, нема физички фудбал, нема навика да се оди напорно во дуелите. Мора да го следиме стилот на Јирген Клоп. Аталанта го прави само тоа и има одлични резултати. Слично нешто прави и Винченцо Италијано (тренер на Фиорентина), на Александар Блесин уште подобро му оди во Џенова, но тој е Германец. Германскиот модел секогаш треба да биде еден вид пример за нас, немаме технички талентирани играчи како Шпанците“, изјави Капело.

Тој продолжи со конкретни примери.

„Немаме многу таленти за игра, тоа е реалноста. Немаме многу класа во нападот. Осимен, Лукаку и Абрахам се сосема обични напаѓачи, а ние имаме првокласни голгетери. Тоа покренува голем број прашања… Понатаму, често читам имал 45 точни додавања. Но, какви се тие дополнувања, колку од нив се клучни…“, изјави Капело.

Фото: Getty Images

Слични содржини