Капетанот продал информации за НАТО: „Исклучително сериозни работи“

од Stefanija Kuzmanovska

Италија вчера протера двајца руски дипломати, откако полицијата објави дека фатила капетан на италијанската морнарица како му испраќа тајни документи на руски воен претставник во замена за пари.

Италијански капетан и еден вработен во руската амбасада беа уапсени на паркинг во Рим и беа обвинети за „сериозни злосторства поврзани со шпионажа и државна безбедност“ по состанокот во вторникот вечерта, соопшти полицијата.

Осомничените не биле официјално идентификувани, но извор од полицијата рекол дека капетанот се викал Валтер Биот и дека зел 5.000 евра во замена за информации.

Новинската агенција Анса објави дека НАТО документи биле меѓу документите кои ги проследил капетанот, што предизвикува сомневања за безбедноста кај другите членки на западниот воен сојуз.

Италијанскиот министер за надворешни работи Луиџи ди Мајо изјави дека станува збор за  „исклучително сериозни работи“.

Слични содржини