Капитенот на Манчестер Јунајтед ќе биде избран по гласање, има и фаворит

од Vladimir Zorba

Новиот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, одлучи да им даде право на играчите да одредат кој ќе биде капитен на тимот следната сезона. Досега лентата ја носеше Хари Мегваер. Сепак, многумина ја критикуваа одлуката на поранешниот тренер Оле Гунар Солскјаер. Се вели дека и некои од играчите не сметаат дека е фер централниот дефанзивец, кој исто така минатата сезона беше во многу лоша форма, да биде лидер на тимот.

Имаше шпекулации дека дури и привремениот менаџер Ралф Рангник планирал да му ја одземе лентата на Мегваер и да му ја даде на Кристијано Роналдо. Сепак, тоа не се случи. За да ја донесе најправедната одлука, Тен Хаг го оставил ова прашање во рацете на играчите.

Гласањето ќе се одржи на крајот на месецот, кога тимот ќе се собере во базата Карингтон за да ги започне подготовките за новата сезона.

Извори блиски до клубот тврдат дека најголеми шанси да победи погласањето има голманот Давид Де Хеа, кого соиграчите пред само неколку дена го избраа за играч на сезоната.

Слични содржини