Актуелно
Почетна / Спорт / Карабао Куп: Сити за едно полувреме го згази Јунајтед на „Олд Трафорд“

Карабао Куп: Сити за едно полувреме го згази Јунајтед на „Олд Трафорд“

Манчестер Сити победи со 3:1 против Манчестер Јунајтед во дербито од 1/2-финалето за Карабао купот, одиграно на „Олд Трафорд“.

„Граѓаните“ тотално го надиграа својот градски ривал и се близу до третото последователно финале на турнирот. Во првите 45 минути „црвените ѓаволи“ беа буквално прегазени и трите гола на гостите беа најмалку, што домаќините можеа да ги примат

Головите ги реализираше Бернардо Силва во 17-та минута, Ријад Марез (33) и Андреас Переира, кој си постигна автогол (39). По паузата Сити продолжи да ги диктира настаните на теренот, но во 70. минута Маркус Рушфорд со својот нов гол остави минимални надежи за Јунајтед пред реваншот на „Етихад“ на 29 јануари.

Лестер утре ја пречекува Астон Вила во другиот 1/2-финален судир.

loading...