Караџовски: Едно лице со коронавирус не е опасност за населението

од Aleksandar Todeski

Стручна екипа од ИЈЗ во полна заштитна опрема направи епидемиолошка анкета. Лицето е родено 1970 година родено и подолг временски период боравела во Италија, рече епидемилогот Жарко Караџовски.

„Согласно нашите алгоритми кои ги правевме пред три месеци, освен алгоритмите на аеродромот по кои се уште се постапува, нема ништо сменето со тоа што имаме едно лице заболено со Ковид 19 во земјава. Граничната полиција поставува шест епидемиолошки прашања. Врз основа на дадените одговори, ако не кој каже дека има симптоми, се тргаат на страна“, рече докторот Караџовски.

Тој посочи дека се прави скенирање со камера, потоа следуваат епидемиолошки прашања, па лицата се тргаат на страна, односно се ставаат во просторија за изолација. Според докторот, едно лице заболено од коронавирусот не е опасност за населението.

„Јас сум подготвен 24 часа да постапувам. Населението може да биде мирно, ние владееме со сосјтобата“, посочи Караџовски.

Слични содржини