Караџовски: Самите ако не си помогнеме на себе, не може да ни помогнат уште 500 доктори, 500 сестри, уште 20 болници…

од Vladimir Zorba

Претседателот на Комисијата за заразни болести Жарко Караџовски, на новинарско прашање во однос на тоа дали се размислува воведување на
полициски час, рече дека во моментов не се разгледува тоа прашање, но оти за во идниот период сите мерки стојат на располагање.

– Ние како Комисија не сме ги исцрпиле сите мерки што може да му ги предложиме на министерот. Во ниту една Европска дружава нема полициски час, освен во Франција. Дали во перспектива тоа може да се направи? Ние во моментов не размислуваме, меѓутоа епидемиолошки сме на идеја, доколку ништо од ова не се почитува, што ни останува понатака, рече Караџовски.

Тој нагласи дека е факт оти мерките не се почитувале, посочувајќи дека во следните денови ќе се следи бројот на позитивни случаи со цел да бидат предложени нови мерки.

– Анализата на епидемиолошките податоци во последниве три дена кога имаме драстично зголемен број на позитивни лица укажува дека одредени настани кои што се случиле во нашето секојдневно опкружување се главниот промотор на поголем број на случаи, тоа значи настаните, тоа значи концертите, тоа значи забавите, се она што го видовме на телевизија, групирањето и непочитувањето на мерките или
непочитување во таа смисла што никој не носеше маска, образложи претседателот на Комисијата.

Тој посочи дека имаме типичен есенски бран на Ковид-19, што го предвиделе уште пред четири, пет месеци, но, според него овој есенски бран е дојден малце порано во смисла дека есенските услови не се такви да имаме групирање строго во затворен простор.

– Со доаѓањето на сезонскиот грип оваа шанса за зголемување на бројот поради групирање ќе биде поголема, нагласи Караџовски.

Тој упати апел до целата јавност струго да се почитуваат мерките со цел да се спречи ширење на епидемијата.

– Самите ако не си помогнеме на себе, не може да ни помогнат уште 500 доктори, 500 сестри, уште 20 болници… сето тоа ќе се исполни брзо, а ние како што знаете работиме од март месец па навака Бараме помош од сите. Да ги почитуваме мерките заради фактот дека тоа го правиме заради нас, нашите најблиски нашите фамилии. Непочитување на мерките ќе не одведе до огромен број на заболени, ќе не одведе до преполнување на болничките капацитети, посочи Караџовски.

Тој реагираше и на фактот што во изминатиот период се одржуваат свадби и семејни веселби иако тоа не е дозаволено.с

loading...

Слични содржини