Караџовски: Треба да има ковид-редари во автобусите

од Nikola Popovski

Сите сме во опасност од Ковид-19, постарите генерации се поизложени, но може да почине и човек без хронично заболување. Ова е опасно заразување, да не се занесуваме, нагласи Жарко Караџовски, претседател на Комисијата за заразни болести во интервјуто на Канал 5 телевизија.

За ситуацијата во јавниот превоз и донесените мерки, Караџовски потенцираше дека треба да има ковид-редари во автобусите кои нема да пуштаат луѓе над дозволениот број.

„Ако собира 60 патници, ќе се пуштат 30, а 31-от нема да влезе, ќе го чека другиот. Внатре нема да може да се влезе без заштитна маска. Нема сакаш или не, мораш да носиш маска во авотбусите, затоа што тоа е затворена просторија. Ако не ќе правиме рации, ќе влегува полиција во автобусите и ќе казнува“, нагласи Караџовски.

Слични содржини