Карагер: Халанд има потенцијал да биде најдобриот играч што некогаш играл во Премиер лигата

од Vladimir Zorba

Ерлинг Халанд има потенцијал да биде најдобриот играч кој некогаш играл во Премиер лигата, смета експертот на Sky Sports, Џејми Карагер.

Норвешкиот напаѓач на Манчестер Сити постигна девет гола во првите пет натпревари и забележа „хет-трик“ во последователни натпревари.

„Манчестер Сити ги направи најдобрите трансфери. Тие загубија неколку напаѓачи, но го добија Џулијан Алварез, кој изгледа добро, и Халанд, кој е сосема страшен“, изјави поранешниот капитен на Ливерпул.

„Ќе го коментирам натпреварот на Сити со Астон Вила во сабота и среќен сум што конечно го гледам во живо. Во минатото сме виделе великани во Премиер лигата, но овде зборуваме за уште поспецијален играч. Кога ќе ја заврши кариерата во Манчестер Сити или Премиер лигата, ќе зборуваме за талент, барем колку Тиери Анри. Но, ова момче може да биде најдобриот играч што некогаш сме го виделе во Премиер лигата. Неговиот почеток беше совршен и со нетрпение го чекам натпреварот викендов“, додаде тој.

Слични содржини