Каракачанов: Му честитам на Заев, добил храброст

од Vladimir Zorba

„Бугаринот секогаш се вразумува следниот ден, така е и со колегата Заев. Историјата е општа, но мора да разјасниме каква. Таа е општа, но е бугарска историја“. Ова го изјави вицепремиерот и министер за одбрана на Бугарија, Красимир Каракачанов, цитиран од БГНЕС.

„Му честитам на Заев, доби храброст, поради што некои од неговите противници го критикуваат. Ова е мал чекор во вистинската насока. Ако е така, мислам дека можеме да разговараме за започнување на преговарачкиот процес следната година“, додаде Каракачанов.

Тој беше категоричен дека Бугарија мора да го брани својот национален интерес.

Слични содржини