Каракачанов: Не ми се допаѓа резултатот од изборите

од Берта Китинска

Поранешниот министер за одбрана и сегашен лидер на ВМРО-БНД  Красимир Каракачанов го оцени резултатот на коалицијата „Бугарски патриоти“  на  предвремените избори како лош, поради слабиот одзив  на гласачите.

„Не ми се допаѓа резултатот, затоа што не е добар. Можеби требе да ги почекаме официјалните резултати. Само што излегоа излезните анкети а Вие ме терате да правам анализи. Рано е за длабински анализи. Така како што решил бугарскиот народ, така ќе се развива државата во наредните месеци и години. Се надеваме дека ќе има нормална влада која ќе управува со Бугарија со парламентарно мнозинство, а не да преминува од криза во криза. Сè друго не е важно. Кој зеде 3% или 5% не е толку важно, важно е државата да оди напред и да излезе од оваа политичка криза, во која се наоѓа скоро една година “, изјави Каракачанов.

Слични содржини