Каракачанов: Не може и во ЕУ, и со антибугарска реторика

од Vladimir Zorba

„Тие мислат дека можат да влезат во ЕУ и да ја задржат својата антибугарска реторика. Тоа нема да се случи“.

Ова го изјави лидерот на ВМРО и министер за одбрана на Бугарија, Красимир Каракачанов во интервју за „BTV“ за поддршката на Бугарија за членството на Северна Македонија во ЕУ.

Тој прецизираше дека неговата трпеливост кон нашата земја е „одамна исцрпена“.

„Јас добро ги познавам сите македонски политичари, со некои од нив сум пиел ракија. Македонските политичари на маса се добри Бугари, но јавно почнуваат да објаснуваат дека е многу комплицирано“, рече лидерот на ВМРО.

„Бугарија има многу лостови на влијание. Според мое мислење, треба да го искористиме најсилниот и да кажеме „не“ на поканата на Македонија за членство во ЕУ, рече вицепремиерот.

Каракачанов подготви предлог со две опции за позицијата на Бугарија за Северна Македонија и ќе ги презентирал на следната седница на Владата.

„Се разбира, владата ќе биде таа што ќе одлучи“, додаде тој.

Слични содржини