Каракачанов: Нема смисла ЕУ да се прошири со Македонија

од Nikola Popovski

Брисел, како и некои американски претставници во администрацијата на Бајден, воопшто не разгледуваат аргументи. Тие се насочуваат на одредена теза и се обидуваат да ја стават во една или друга форма. Така, Република Северна Македонија, која не го почитува договорот со Бугарија, не може да биде промовирана за почеток на преговори со Европската унија, вели поранешниот бугарски министер и претседател на ВМРО-БНД, Красимир Каракачанов за БНТ.

Според него, доколку тоа се дозволи, нема да има веќе голема безбедност на Балканот и тоа е „очигледно од агресивната антибугарска политика на Скопје кон нивната земја“.

-Нема смисла да се проширува ЕУ со една земја што ќе создаде проблеми во рамките на блокот кондруга европска земја, како што е Бугарија, рече Каракачанов.

Тој не се согласува со изјавата на бугарскиот претседател Радев дека во мај Бугарија била неразбрана и изолирана во Европската унија.

Каракачанов потсетил на сите чекори што ги презела нивната земја досега и повторил дека проблемите во односите со Северна Македонија отсекогаш биле објаснувани на сите меѓународни состаноци.

-Големите сили секогаш ги прават своите пресметки. Грешката на помалите земји е кога танцуваат според нивните гајди, истакна тој и додал дека Бугарија има свои интереси што мора да ги брани.

Слични содржини