Каракачанов: По влегувањето во НАТО, Скопје го заборави Договорот за соседството

од Nikola Popovski

Бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов денес изјави дека по пристапувањето на Република Северна Македонија во НАТО, во пракса, Договорот за соседството е мртов.

„Сите контакти престанаа и тоа еднострано од нивна страна. Го кажувам многу пати – не се надевајте дека кога ќе се смени политичката ситуација во Бугарија, кој и да дојде на власт, дека ќе дојде до промена во некакви одлуки или постапки. Нема кој да попушти. Понекогаш се збунувам кој е кандидатот за ЕУ, бидејќи Скопје си дозволува да ја учи Европа“, нагласил Каракачанов.

Министерот ја дал изјавата пред бистата на споменикот на Гоце Делчев во Софија, каде се прославува 149-годишнината од раѓањето на револуционерот и борец за национално обединување, јави БТА.

Слични содржини