Карантин од 14 дена за сите патници кои доаѓаат од Индија и Бразил

од Nikola Popovski

Покрај одлуката за измени и дополнувања за ограничување на движењето на граѓаните, на денешната владина седница беше донесена уште една одлука.

Комисијата за заразни болести дополнително предложила, а Владата прифатила воведување мерка за задолжителна самоизолација (карантин) во траење од 14 дена за сите домашни и странски физички лица – патници кои пристигнуваат од Индија и Бразил заради спречување на ширење на новите соеви SARS-CoV-2.

Индискиот и бразилскиот сој на корона се причината за голем број на заразени во многу земји, посебно во Индија, која во моментов е главен епицентар на пандемијата.

Слични содржини