Карапетров од ВМРО-ДПМНЕ: Тетовчани заслужуваат промени, ви ветуваме работа

од Vladimir Zorba

„Тетово е нашиот дом. Ова место беше предолго оставено на заборавот, водено од неспособни кадри кои се водат од лични интереси“, вели во видео обраќање Ангел Карапетров, носител на советничка листа на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата За обнова на Македонија во општина Тетово.

„Нечистотијата, загаден воздух, недостиг на паркинг места, дупки на улиците е децениското секојдневие во Тетово. И ова мора да се смени. Затоа вашиот глас е важен и вашиот глас се брои. Листата која ја предводам е гаранција дека вашиот глас ќе биде слушнат, одвнатре да ги менуваме работите и да ги штитиме вашите интереси. Тетовчани заслужуваат промени. Ви ветуваме работа, заштита на вашите интереси и борба за проекти кои се важни за Тетово. Работа, проекти и промени кои ќе создадат нова иднина каква Тетово заслужува. Само обединети и сложни ќе се избориме за повеќе“, истакнува тој.

Слични содржини