228
Раперката Карди Би и нејзиниот сопруг, раперот Офсет, вчера го прославија вториот роденден на нивната ќерка Калчер Кијара. Таа се пофали на својот Инстаграм профил за големата забава што ја направија.
Родителите објавија фотографија на која нивната ќерка позира во розов фустан и многу трогателен опис до неа.
„Моето убаво бебе. КК, ти си Божја награда “, напиша раперот.
„Моето бебе полни 2 години. Јас сум толку емотивна. Ја сакам многу“, напиша Карди Би.