Карди Би ја доби првата главна улога во филм во нејзината кариера

од Stefanija Kuzmanovska

Американската раперка Карди Би ја доби првата главна улога во филмот, пишува „Variety“. Ова е нов проект на Парамаунт наречен Assisted Living.

Раперката ќе глуми во комедија за која продуцентите рекоа дека наликува на филмовите „Tootsie“, „Sister Act“ и „Mrs. Doubtfire “. Продукцијата е потпишана од Темпл Хил и Стивен Лав, а сценариото е на Кај Ојегон.

Да потсетиме, Карди Би за прв пат се обиде на големиот екран во 2019 година, кога глумеше во филмот Hustlers  заедно со Џенифер Лопез, Констанс Ву и Кеке Палмер.

 

loading...

Слични содржини