Карди Би ја усклади фризурата со луксузниот автомобил (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Две години откако ја обои косата во сина боја за да ѝ одговара со нејзиното ново Ламборџини, Карди Би повторно го стори истото.

Имено, 28-годишната сопственичка на хитот „WAP“, се потпре на својот нов автомобил, чијашто боја на каросеријата се прелева од бела во зелена, а по тој повод таа ја офарба својата перика со бојата на автомобилот.

Ги истакна градите во прв план, а носеше интересен тегет корсет кој го спои со широки панталони изработени од истиот материјал.

Раперката предизвика многу коментари, а повеќето се воодушевени од нејзиниот изглед, но и од луксузот во кој живее.

„Каде одиме кога ќе заспиеме?“, праша Карди под фотографијата, алудирајќи на името на студискиот албум објавен од нејзината колешка Били Ајлиш.

Слични содржини