Карди Би платила 240.000 долари за нова чанта

од Nikola Popovski

Една од најпопуларните светски изведувачи во моментот, раперата Карди Би е голем љубител на модата, особено чантите и престижниот бренд „Хермес“. Не жали за пари кога станува збор за овој придружен моден детал, па неодамна купи нова торба „Хермес Биркин“, за која искеширала 240.000 американски долари.

Раперката објаснила дека нејзината чанта има неколку прегради и дека е многу мулти-практична. Зашиена е од кожа и платно и има 5 џебови однадвор, па дури и вграден држач за чаши.

Иако торбата „Биркин карго“ е достапна во две големини по цена од 65.000 и 80.000 долари, Карди платила три пати повеќе за нејзиниот примерок.

„Ја посакував оваа чанта уште многу друго. Не разбирате, се јавував во секоја продавница на „Хермес“, а торбата само што излезе оваа година. Требаше да платам трипати повеќе, но ја обожавам“, рече таа и додаде:

„Едноставно мислам дека е прекрасна“.

Инаку, Карди е голем обожавател на популарните чанти „Хермес Биркин“, па во својата колекција ги има во сите бои.

Слични содржини