Карди Би се пофали новата вила од соништата

Американската раперка Карди Би и нејзиниот сопруг, раперот Офсет, се пофалија со својот нов милионски дом во Атланта кој неодамна го купиле. Парот признал дека потрагата по идеалниот нов дом не била ниту малку едоставна, ниту кратка.

– Офсет и јас баравме куќа изминативе две години. Тоа беше вистински вртолом од емоции! Куќите кои му се допаднаа на Офсет секогаш имаа соба која мене не ми се допаѓаше и не можевме да се согласиме, а неколку куќи кои мене ми се допаднаа, Офсет кажа „не“ поради локацијата. Дури и размислувавме за тоа да изградиме куќа, но тоа со фамилија е малку комплицирано. Со помош на агентот за недвижности и Бог, ја добивме нашата куќа!- напишала раперката на Инстаграм под видеото кое го објавила.

Во неколкуте видеа, раперката направила мала тура низ луксузната вила која е се уште неуредена. Карди се пофалила со кујната, библиотеката, седум спални соби, четири бањи, двор, базен и гаража. Во вилата наводно има и вински подрум, но и колекција пиштоли, а цената изнесува 5,7 милиони долари.

Исто така, парот на Инстаграм открил дкеа подрумот ќе го искористи Карди и од него ќе направи соба за разубавување, додека Офсет својот дел ќе го претвори во „машка пештера“ во која неговата сопруга ќе има забранет влез.

Слични содржини