Кардиолозите загрижени: Поради карантинот зголемен бројот на дебели луѓе

од Stefanija Kuzmanovska

Во Италија, за време на карантинот поради коронавирусот, кој трае најдолго во Европа, се забележува нагло зголемување на бројот на дебели луѓе, покажа истражување, што предизвика загриженост кај кардиолозите и другите здравствени експерти, пренесе „б92“.

Во извештајот на италијанските научници објавен во Европскиот магазин за клиничка исхрана се посочува дека луѓето со прекумерна телесна тежина треба да се вратат на здрава исхрана и редовна физичка активност со цел да ја изгубат телесната тежина добиена за време на рестриктивните мерки воведени во борбата против вирусот Ковид-19.

Беше наведено дека вознемиреноста, стресот и стравот дека нема да има доволно храна за време на рестриктивните мерки се причина за лошата исхрана, како и дека тримесечната блокада и физичката неактивност придонеле за раст на бројот на дебели луѓе.

Италија, една од државите најтешко погодена од пандемијата, беше прва во Европа што воведе карантински мерки на почетокот на март за да го спречи ширењето на вирусот Kовид-19, a излезе од блокадата со постепено олеснување на мерките по околу три месеци.

Слични содржини