Кари се враќа во игра на 1 март

од Vladimir Zorba

Американската кошаркарска sвезда Стеф Кари планира да се врати во игра на 1 март во натпреварот на Голден Стејт против Вашингтон, според извештаите на медиумите во Соединетите држави.

Тоа значи дека тој ќе ги пропушти следните четири натпревари на „воините“ во НБА.

Голден Стејт имаат многу слаба сезона и се со биланс 12/44. Тие ги одиграа повеќето од своите дуели без Кари, кој имаше скршеница во левата рака, а Клеј Томпсон пропушта цела година заради повреда на коленото.

Кари има просечно 23,5 поени во неговите 11 сезони во НБА лигата.

Слични содржини