Карлеуша: Јавна тајна е сексуалната злоупотреба на млади актерки

од Nikola Popovski

Пејачката Јелена Карлеуша на својот Инстаграм профил објави отворено писмо по повод веста дека српската актерка Милена Радуловиќ, заедно со уште неколку девојки, го пријавила учителот по глума Мирослав Мико Алексиќ за сексуално вознемирување и силување. Оваа вест шокираше многумина, а еве што Карлеуша имаше да каже на оваа тема.

„Во моментот кога сите се шокирани од силувањето на млади актерки, го поставувам прашањето „кого вие лажете“. Јавна тајна е дека младите актерки се злоупотребуваат и уценуваат со улоги со децении. Прашајте која било актерка колку пати доживеала од ненормални и стари луѓе кои одлучуваат кој каква улога ќе добие, да побараат нешто за возврат. Истото важи и за младите пејачки, но и за жените во сите други професии. Секоја жена доживеала барем една непријатност од маж. Мене ми се случило милион пати. Жените се граѓани од втор ред на оваа планета, каде што се почитуваат само машките правила. Кога сте слушнале дека некоја директорка или режисерка силувала младо момче? Кај нас е познато дека е јавна тајна дека жените се злоупотребени и дека мораат да молчат. Тие молчат затоа што се плашат, затоа што немаат пари, затоа што немаат грб, затоа што немаат поддршка да го кренат својот глас, затоа што се срамат, затоа што се научени да страдаат и да молчат, затоа што сакаат да успеат, а за некои тоа е единствениот начин. Но, тоа е патот по пеколот што жените мора да го запрат“, напиша Карлеуша и додаде:

„Моја поддршка за овие млади жени од оваа актуелна приказна, но и за сите оние кои минуваат низ сличен пекол далеку од јавноста во овој момент. Сестри, главата горе, стиснете ги забите и тупаниците“.

Слични содржини