Карлеуша по разводот: Животот многу ме газеше и немаше милост, жонглирам за да ги исполнам сите очекувања

од Stefanija Kuzmanovska

Јелена Карлеуша неодамна објави дека се разведува од Душко Тошиќ со кој мина 14 години во брак.

Во новото интервју за магазинот Hello, таа откри колку многу се променила откако го кажала судбоносното „да“.

„Верувам дека станав помудра, помирна и посреќна. Животот многу ме ‘газеше’ и немаше милост. Нашето семејство помина низ подеми, падови, трагедии, напади од разни видови. Во меѓувреме мајка ми почина, децата се родија и пораснаа, Душко ја заврши кариерата и започна нова, а јас се уште жонглирам за да ги исполнам сите очекувања“, изјави Карлеуша.

Пејачката неодамна изјави дека „жената е столб и ‘рбет на секое семејство“.

„Се борев. Имам силен ‘рбет. Не сум некој што ги крева рацете и се откажува. Не сум од оние кои го поднесуваат неуспехот. Тоа е најдобрата карактерна особина, но и проклетство“, наведе таа.

На прашањето на кои компромиси во бракот никогаш не можела да се согласи, таа имаше интересен одговор:

„За жал, во долгиот брак мора да има многу компромиси и тој женски ‘рбет да се витка дури и кога таа не сака“, вели таа.

Јелена откри дека нејзиниот најголем предизвик во животот е времето, односно борбата со времето, а проговори и каде се гледа себеси за 15 години.

„Ако сум жива и се оди според планот, се гледам себеси како среќна жена. Ќе се борам за тоа“, заклучила таа.

Слични содржини