Карлеуша: Следната недела подготвувам спектакл каков што не сте виделе досега

од Nikola Popovski

Јелена Карлеуша на својот профил на Инстаграм најави голем концертен спектакл. Пејачката ќе настапи на претстојниот Music Week фестивал во Белград.

„Поради врнежите и лошите временски услови, Music Week се одложува за точно една недела кога се најавува топло сончево време! Уште седум дена за сите да ги добијат своите билети затоа што подготвувам спектакл што Белград не сте го виделе досега! Се гледаме наскоро“, напишала Карлеуша на Инстаграм.

Поради најавата за екстремно лоши временски услови, силен дожд и град, проследени со ниски температури, фестивалот, кој требало да се одржи викендов, се одложува за следниот викенд, објавија организаторите на настанот.

„Со цел да им обезбедиме на посетителите безбедно и добро поминување на времето како што заслужуваат, веруваме дека единственото одговорно решение во овој момент е да се одложи фестивалот. Голем број најавени изведувачи ги потврдија своите настапи за следниот викенд и очекуваме неколку нови изведувачи “, се вели во соопштението на Скај мјузик.

Организаторите посочуваат дека секој што сака да ги врати билетите ќе може да го стори тоа, и дека наскоро ќе објават повеќе информации за распоредот на изведбата и враќањето на парите.

Слични содржини