Карлеуша со бадниково лепче: Иако сум атеист, ги учам децата за традицијата (ФОТО)

од Nikola Popovski

Поп-ѕвездата Јелена Карлеуша објави фотографија со своите ќерки и лук, наведувајќи дека иако е атеист, раа ги учи децата да ја почитуваат традицијата.

Јелена е на фотографијата во црн фустан, а покрај неа се нејзините ќерки Ника и Атина, кои заедно со Јелена држат лук во рацете и го одбележуваат денешниот празник.

Карлеуша остави силна порака под фотографијата, во која се вели дека ја почитува традицијата, иако е атеист и дека е најважно да биде човек. Како што напиша таа, сите други поделби се во нашите глави.

„Иако сум атеист, среќна сум што ги учам децата на традициите на нашиот народ, но исто така и на традициите на Словенија, Хрватска, Босна, Косово, Црна Гора, Австрија… затоа што во нас, тече крвта на сите тие народи. Татко ми е Србин, мајка ми Словенка, еден дедо е од Лика, друг од Словенија, една баба од Босна, друга од Косово, прабаба ми е Австријка … тогаш што сум јас? Јас сум човек. И јас ги сакам и почитувам сите религии и нации … затоа што кога сè ќе се додаде и одземе, кога има неволја – сите сме исти. Единствената поделба е во нашите глави. Затоа, бидете добри луѓе и научете ги своите деца на вистинските вредности. Тие се подобрата иднина“, напишала таа во описот на фотографијата.

Слични содржини