Карлеуша со емотивна порака за роденденот на нејзината почината мајка

од Stefanija Kuzmanovska

Точно на полноќ, познатата пејачка Јелена Карлеуша објави емотивна честитка по повод роденденот на нејзината мајка Дивна.

На денешен ден, на 25 јануари 1958 година, била родена Дивна Карлеуша, познатата радио водителка и мајка на Јелена Карлеуша. По повод роденденот на Дивна, пејачката се огласи на полноќ, објавувајќи емотивна порака на Инстаграм со заедничка фотографија.

„Среќен роденден, ангеле мој прекрасен. 25 јануари 1958 година“, напиша Јелена.

Да потсетиме, Дивна Карлеуша почина на 6 март 2019 година, по долго и тешко боледување.

Слични содржини