Карлеуша за онлајн спектаклот: „Ги поместивме границите кога станува збор за продукција“ (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Српската пејачка Јелена Карлеуша (41) во неделата имаше концерт што се емитуваше на музичката платформа YOUBOX.

Иако пејачката објави дека тоа ќе биде концерт за паметење, некои сепак беа скептични, но откако таа се појави на сцената во 21 часот, сè беше јасно.

Таа се појави во креации што повеќе откриваше отколку што криеше, ја смени облеката неколку пати и постојано скокаше по сцената, откако ја „послужи“ публиката со своите карактеристични атрибути.

Таа изведе некои од нејзините најголеми хитови, како „Инсомнија“, „Слатка Мала“, „Управо остављена“ и други.

На сцената и се придружи и групата „Hurricane“, која требаше да ја претставува Србија на Евровизија во Ротердам оваа година со песната „Hasta La Vista“.

Покрај нив, со Јелена пееше и српската пејачка Милица Павловиќ (28), инаку нејзина добра пријателка.

– Мојот интерес отсекогаш бил да направам нешто што досега не било видено, така што овој пат ги поместивме границите кога станува збор за продукција – изјави Јелена за српските медиуми.

https://www.youtube.com/watch?time_continue=245&v=TCMiuF0DAdU&feature=emb_title

Слични содржини