Карлеуша загрижена: Оваа ситуација остава трајни последици на детската психа (ФОТО)

од Elena Daskalova

Иако коронавирусот е најфатален за повозрасната популација и за хронично болните лица, Јелена Карлеуша овојпат обрна внимание на најмладите.

Таа на Инстаграм објави цртеж кој го нацртала нејзината ќерка, констатирајќи дека целата ситуација со пандемијата и карантинот може да остави трајни последици врз детската психа.

„Ова е цртеж на Ника која се плаши мајка ѝ да не се разболи од вирусот. Децата се чувствителни во овој период. Овие ситуации оставаат трајни последици по нивната психа. Колективниот страв ги погодува најмладите. Зборувајте со нив, пружете им сигурност“, советува таа.

Слични содржини