Кармело Ентони потпиша за Хјустон: Нов шампион во најава?

од desk2

Десеткратниот Ол Стар Кармело Ентони потпиша договор со тимот на Хјустон Рокетс и му се придружи на актуелниот МВП на НБА лигата, Џејмс Харден. Тој ќе заработи 2,4 милиони од едногодишниот договор.

Некогашниот најдобар поентер во НБА лигата доби шанса да настапува за минатосезонскиот финалист во Западната конференција откако го раскина договорот со Атланта Хокс.

Кармело (34) ќе игра во тимот со најбрзиот напад во лигата и заедно со неговиот пријател Крис Пол и Џејмс Харден ќе се обиде да го симне од тронот тимот на Голден Стејт Вориорс, кој веќе четири години е неприкосновен во Западната конференција.

Ова е шанса за свеж старт на Ентони, кој минатата сезона настапуваше за Оклахома Сити Тандер, но ја имаше најлошата сезона во неговата кариера иако одигра 78 натпревари во регуларната сезона. Во Рокетс, Кармело ќе се обедини и со неговиот поранешен тренер Мајк Д’Антони, со кого соработуваше (за жал, не баш успешно) во Њујорк Никс.

https://twitter.com/HoustonRockets/status/1029067917063802880

„Во Никс беше различно, бидејќи раководството го трејдуваше половина тим за да го донесе Кармело (Ентони) а сепак имаше очекување да ја освоиме титулата. Сега во Хјустон, тимот е комплетен и полн со ветерани кои имаат само една цел: освојување на титулата“, изјави Д’Антони за состојбата на Рокетс по потписот на Кармело Ентони.

Квалитетот на Кармело Ентони е докажан и на интернационалната сцена, каде тој е најтрофејниот американски кошаркар, како и најдобар поентер и скокач на сите времиња во американската репрезентација.

Слични содржини