Картички за бесплатна патарина за српските туристи

од Берта Китинска

Патниците од Србија, кои со автомобил доаѓаат во земјава, на граничниот премин „Табановце“ ќе добијат м-смарт картичка со која ќе може бесплатно да поминуваат на патарините до граничниот премин со Грција.

На картичките има кредит од 760 денари, колку што е потребно за поминување на коридор 10 во двата патни правци. Изработени се веќе 65 илјади картички и му се предадени на МВР кое ќе издава по една за секој автомобил.

Српските државјани ќе можат да ги искористат бесплатните патарини до 15 август, но м-смарт картичките ќе можат да ги задржат и понатаму да ги користат со надополнување кредит од најмалку 300 денари.

Слични содржини