40
Дефанзивецот на Реал (Мадрид) Дани Карвахал зборуваше за неговата посветеност кон шпанскиот клуб.
„Никогаш не би играл за друг клуб во Европа од почит кон Реал. Ако сите страни се согласат, сакам да го продолжам договорот. Ова е она што отсекогаш го сакав и што сакам сега“, изјави Карвахал, цитиран од „Marca“.
Карвахал игра за Реал (Мадрид) од 2013 година. Актуелниот договор со 32-годишниот Шпанец е до летото 2025 година.