Касами: Албанските гласови за коалицијата „Можеме“ ќе се движат од 80 до 100 илјади

од Nikola Popovski

Претседателот на Беса, Биљал Касами во вечерашното гостување на ТВ 21 изјави дека албанските гласови за Движењето Беса и Коалицијата „Можеме“ ќе се движат од 80 до 100 илјади.

На прашање од водителот на ТВ емисијата дали на Касами му недостига делот кој се одвои од Беса, тој одговорил дека може да каже дека еден дел од нив можеби му недостигаат.

На прашањето како оди комуникацијата на терен со СДСМ, Касами изјавил дека таа е коректна.

„Имаме посебни изборни штабови, каде шефови на тие штабови се генералните секретари на партиите СДСМ и БЕСА соодветно. Имаме секојдневна координација на активностите. Имаме активности кои се заеднички, но најважниот дел на претставувањето на платформата на терен е со партиски активности, бидејќи има една разлика. Додека кај СДСМ скоро целата кампањата е на македонски јазик, се бараат гласови од Македонците и другите граѓани, Движењето Беса е концентрирана во мобилизација на албанските гласачи и целата кампања на Движењето Беса е на албански и се обраќа на Албанците“, изјавил Касами за ТВ21.

Слични содржини