Касами: Додека Реџепи лично не го каже својот став, ќе се сомневам дека некаде е држен со сила

од Берта Китинска

Движењето БЕСА стои во ставовите за пад на овој режим. Последните случувања со Реџепи докажуваат дека оваа власт е спремна на сѐ, кажа претседателот на Движење Беса, Билал Касами по одлуката на Кастриот Реџепи за неучество на седницата за уривање на Владата.

„Мислам дека би можело да е задржан некаде.  Немаме информации каде се наоѓа. Последен пат комунициравме вчера, а не добив никаков сигнал дека ќе постапи поинаку.Се додека јас немам јасна слика и глас на пратеникот јас се сомневам дека против својата волја го има кажано тоа“, рече Касами.

Слични содржини