Касами ќе постави монитор на плоштадот: Долгот на општина Тетово ќе биде видлив за граѓаните

од Берта Китинска

За да бидеме транспарентни се подготвуваме преку монитор долгот на општината да биде видлив за граѓаните на плоштадот, кажа денеска градоначалникот на Општина Тетово, Билал Касами објавувајќи детали околу долговите на локалната самоуправа, како што најави на седницата на Советот.

Тој потсети дека долгот е над 24 милиони евра.

-Исто така долгот детално ќе биде објавен на веб страницата на Општината. Поминаа три недели и сум ангажиран да се скенира состојбата на Тетово. Жално е како е оставена општината со многу делгови и бројни неправилности во сите области. Граѓаните заслужуваат да знаат што се случува со нашата општина, истакна Биљал Касами.

Градоначалникот посочи дека има неколку активности со кои планира да го намали долгот. Рече дека ангажирал внатрешна ревизија која детално ја анализира стуктурата на долговите,а според него има задолжувања на Општината за работи кои се преземени досега.

–Во текот на следната недела од кога ќе имаме поконкретна информација ќе објавам еден значаен дел од долгот кој е направен само преку една институција односно едно физичко лице.Тој дел ќе се намали со обжалување на сите решенија кои се донесени и ќе се ангажира и адвокатска куќа која ќе ги анализира сите постапки односно тоа што не е постапено од Општината и се надеваме дека тој дел кој не е реален ќе биде тргнат од обврски на општината.  Друг дел кој е кон приватниот сектор– таму сум во постојана комуникација со сите приватни оператори кои имаат докажано првична спремност, делот од затезните камати да не го калкулираат и да не го наплаќаат од нас. Исто така се заинтересирани и имаат покажано подготвеност во делот од долгот да го намалат и да оди општината напред, посочи Касами.

Слични содржини