Касами: Министрите на ДУИ се смешни, промовираат проекти кои не се во нивна надлежност

од Берта Китинска

Биљал Касами, лидерот на БЕСА смета дека ДУИ многу ветуваат пред избори, а потоа ништо не прават, додавајќи дека министрите од редовите на ДУИ се смешни, со тоа што промовираат проекти кои не се во нивна надлежност.

„Министрите на ДУИ се смешни. Промовираат проекти кои не се во нивна надлежност. Проекти за кои немаат ништо направено повеќе од 15 години, и сега излегуваат на прес-конференции и ги промовираат како нивна заслуга. Тие проекти се проекти на владата предводена од Заев. На пример најавената инвестиција на Попова Шапка, патот Блаце – Скопје и други проекти се проекти на оваа влада предводена од Заев, а не од ДУИ. затоа замолувам да не трчаат да промовираат проекти за кои не направиле ништо 15 години“, вели Касами во емисијата „Клик плус“

Слични содржини