Касами: МВР да каже каде е Реџепи

од Nikola Popovski

Лидерот на БЕСА, Билал Касами повторно се појави пред Собранието. Тој во изјава за медиумите рече дека БЕСА има јасен став дека владата треба да падне.

-Властите треба да ни кажат дали пратеникот е жив и здрав. Се друго не е важно. Убедени сме дека видеото е дадено под присила, затоа што е во моментот кога јас сум во полициска станица и го пријавувам случајот. Ние дополнително се сомневаме дека ситуацијата е испланирана и дека е од страна на власта. Тој веќе стави потпис за пад на владата. Ситуцијата е сериозна и бараме од МВР да каже каде е Реџепи и дека тие гарантираат за неговата безбедност, потенцира Касами во изјава за новинарите.

Слични содржини