Касами најави соработка со „Огнените“ само доколку формираат своја партија

од Nikola Popovski

Претседателот на БЕСА и градоначалник на Тетово, Биљал Касами порача дека неговата партија може да соработува со „Огнената група“ предводена од поранешниот градоначалник на Чаир, Изет Меџити, само доколку тие излезат од ДУИ и формираат своја партија.

-За нас би било добредојдено ако „Огнената група“ конечно решат да се отцепат од ДУИ, да формираат политичка партија и да седнеме заедно и да направаме проширена опозициска коалиција. Тие, Алтернатива, со други партии, со други групи, со интелектуалци и други опозициски фактори од граѓанскиот сектор. Подготвени сме да подадеме рака за соработка на секоја политичка сила со која оценуваме дека на албанските гласачи ќе им докажеме дека се надминавме себеси и оти сме подготвени да формираме победничка сила со што ќе гарантираме дека нивниот глас нема да оди залудно, рече Касами во синоќешното гостување на емисијата „Патот кон…“

Слични содржини